Потребни документи и услови за Ц1E категорија

Опис на категоријата:

Во категоријата „Ц1E“ спаѓа група на возила влечени од страна на возило од категорија „Ц1“ и чија најголема дозволена маса на приклучно возило е поголема од 750 kg, притоа групата да не надминува 12000 kg, како и група на возила влечена од страна на возило од категорија „Б“ чија најголема дозволена маса на приколка надминува над 3500 kg, без притоа групата на возила да не надминува 12000 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

Потребни документи и услови:

  • Наполнети 18 години возраст
  • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Ц1“
  • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит
  • Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.